„Бехтел и Енка“ донираа хуманитарни пакети на центарот за жени жртви на семејно насилство во Гостивар

Гостивар, 24 април 2025 – Компанијата „Бехтел и Енка“ денес предаде донација со храна и хигиенски препарати на Центарот за женски права „ЕТИКА“ Гостивар, организација која раководи со центарот за згрижување на жени кои биле жртви на семејно насилство.

Себајете Зенку раководителка на центарот искажа благодарност за помошта бидејќи како што напомена таа многу значи во создавање на попријатен престој во центарот на лицата кои поминале низ многу непријатен период од животот.

– Центар за женски права „Етика“, којшто го води првото засолниште во полошкиот регион, доби хуманитарна помош од „Бехтел-Енка“ и таа многу е корисна. Се работи за храна со долготраен рок на употреба и хигиенски средства наменети за жртвите кои се сместени во Шелтер-центарот во Гостивар и ние сме благодарни, рече Зенку.

Во моментов во „сигурната куќа“ прибежиште нашле три лица, а капацитетот е осум лица. Според Зенку, бројката се менува, со оглед дека ова е единствена установа во полошкиот регион која згрижува жени жртви на семејно насилство.

Претставникот на „Бехтел и Енка“ Џош Бејкер искажа задоволство од можноста за соработка и прифаќањето на донација чија цел е да се подобрат условите во центарот.

– Како општествено одговорна компанија која не само што гради патишта, туку делуваме позитивно на заедницата и граѓаните. Среќни сме што им даваме поддршка на центарот и „Етика“ и на сите жени на кои им е потребна. Сакаме да им бидеме добри соседи и да имаме посилна соработка во иднина со целата заедница, рече Џош Бејкер од Бехтел и Енка.

Шелтер центарот за жртви на семејно насилство функционира една година и во него помош и поддршка помош добиваат малтретирани и физички нападнати жени. Засолништето го води и управува Центарот за женски права ЕТИКА-Гостивар

згм

 

Коментарите се затворени.

Radio G