Центарот за аутизам „Blue puzzle“ влезе во националната стратегија на државата
Гостивар, 30 април 2025 – Делегација од Министерството за социјални работи, демографија и млади, предводена од државниот секретар Фатмир Сабриу при посетата на Центарот за аутизам „Blue Puzzle“ (блу пазл) ја претстави новата национална стратегија за рана интервенција кај лицата со аутизам. Како што беше кажано на средбата посетата доаѓа по повод двегодишнината од партнерството помеѓу Центарот за аутизам и министерството.
Во разговорите беа претставени новите политики и планот за развој што се изготвува за рана интервенција за лицата со аутизам. Ваљон Емини, раководител на овој центарот, посочи дека раната делување кај деца до две години има веројатност за подобрување до 80%, додека по седумгодишна возраст, процентот паѓа на 20.
Државниот секретар во Министерството за социјални работи, демографија и млади, Фатмир Сабриу, посочи дека интензивно работат на одобрување на акцискиот план за деца со различни потреби и на целосно спроведување на стратегијата за деинституционализација и националната стратегија за правата на лицата со различни потреби. Сабриу напомена дека стратегиите се развиени во соработка со УНИЦЕФ и имаат регионална покриеност.
Тој напомена дека откако е остварена соработка, центарот за аутизам во Гостивар финансиски е поддржан за да се подобри квалитетот на услуги што им ги нуди на децата со аутизам.
Во Центарот „Блу пазл“ денес во студиска беа и студенти од два универзитета, еден од Република Турција и Универзитетот во Тетово, кои планираат професионално да работа со аутизам.
Коментарите се затворени.