Совет на општина Гостивар: Доделени 100 илјади евра за здруженија, спортски клубови и НП „Шар Планина“

Гостивар, 30 април 2025 – На последната 45 седница советот на општина Гостивар донесе неколку одлуки со кои финансиски ќе се поддржат здруженија и спортски клубови. Советниците изгласаа одлуки за доделување на финансиски средства на КК Гостивар и ФК Арсими во износ од по 1,2 милиони денари. Од општинската каса ќе се издвојат по 600 илјади денари за РК „Јехона“-Гостивар и шаховскиот клуб „Гостивар“. Ски клубот „Сноу спорт“ ќе добие 150 илјади денари. На финансиска поддршка од општината може да сметаат и здружението „Стресат Гроуп Гостивар“ (900 илјади), друштвото Јуликс Future Open Air Гостивар (600 илјади), а организаторите на театарскиот фестивал „Отело“ 600 илјади денари.

Дискусија се разви околу точката: ПРЕДЛОГ ЗАКЛУЧОК за доделување на финансиски средства 600 илјади денари на национален парк „Шар Планина“ Тетово. Меѓу другото во образложението беше кажано дека овој издаток е во согласност законите за локална самоуправа и животна средина, со што локалната власт има надлежност во областа на заштита на животната средина и да остварува соработка со субјекти кои управуваат со заштитени подрачја. Ема Нешковска (СДСМ) посочи дека НП „Шар Планина“ е јавна установа основана од Владата и дека се јавува, како што рече правна нелогичност.

– Ставката 463 е наменета исклучиво за финансиска поддршка на НВО и не смее да се користи за финансирање на јавни установи. Во случајов, трансферот не само што е планиран од несоодветна ставка, туку е и правно спорен. За да постои правен основ за доделување средства, мора да има договор за соработка, меморандум или друг формален акт меѓу општината и јавната установа, каде што ќе биде прецизирана намената на средствата, и средствата да бидат исплатени од соодветна буџетска ставка. Ако нема договор, правен акт или правилно буџетирање – доделувањето е незаконско, рече Нешковска во дискусијата.

 

Забелешката на советничката од редовите на СДСМ беше прифатена и претставникот на локалната самоуправа посочи дека станува збор за техничка грешка. По дискусијата точката помина на дневен ред со забелешка дека ќе се смени буџетската ставка.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar