Здравствен дом со промотивен настан за Европската недела на имунизација

Гостивар, 2 мај 2025 – По повод Европската недела на имунизација, Здравствениот дом организираше промотивен настан на градскиот плоштад за подигање на свеста и потребата од вакцинирањето. Вработени во оваа здравствена установа и волонтери на Црвен крст делеа летоци, а најмладите деца им се дела балони и маички. Родителите добиваа промотивен материјал со совети со вакцинацијата на нивните деца.

Според извештајот на одделението за имунизација, оваа недела се вакцинирани 45 деца против мали сипаници и заушки, како и 57 против дифтерија, тетанус и голема кашлица.

– Во последно време, имунизацијата во Гостивар е во пораст. Сепак, за да има колективна заштита, сегашниот процент од 85% треба дополнително да се зголеми, вели Дафина Богдановска, докторка во Здравствен дом. Таа посочува дека има деца со неизлечиви болести кои не можат да се вакцинираат, затоа, вели таа, треба да вакцинираат што е можно повеќе здрави деца за да можат и другите да бидат заштитени.

 

Наредната недела тимовите на Здравствен дом ќе ги посетат основните училишта и ќе имаат средби од информативен карактер. Исто така, кон средината на овој месец, планирана посета на градинката „Цветови“

Европската недела на имунизација започна на почетокот на оваа недела. Во Македонија, вакцинацијата е бесплатна за сите луѓе од раѓање до 18 години, без оглед на здравственото осигурување.

згм

Коментарите се затворени.

Radio G