На Денот полицијата оддадена почит на загинатите припадници на МВР од Гостивар

Гостивар, 7 Мај април 2025 – Со свежо цвеќе, запалени свеќи и поздрав за почест, на Денот на полицијата беше оддадена почит на четворица загинати припадници на полициските единици. Претставници на ОВР Гостивар, СВР Тетово ги посетија почивалиштата на Ненад Серафимоски во Зубовце и Горан Илиески на старите градски гробишта, а на спомен плочата во населбата Циглана оддадоа почит на Александар Николиќ и Даил Јанкоски.

   

Ненад Серафимовски (припадник на единицата Тигар) и Горан Илиески (ЕБР) ги загубија животите во 2015 година во интервенцијата во кумановската населба „Диво Насеље“. Александар и Даил загинаа кога на нив беше пукано додека вршеа обезбедување на полициски пункт во 2002 непосредно завршувањето на воениот конфликт.

 

Почит на загинатите полицајци оддадоа и членови на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Коментарите се затворени.

Radio G