Во недела на 8 јуни, Велосипедска Тура МТБ Маврово по петти пат

Гостивар 3 јуни 2025 – Организаторите на највозбудливиот велоспипедски настан во нашиот крај упатија повик до сите љубители на авантурата и природата.

„Подгответе ги велосипедите и срцето за едно незаборавно доживување! На 8 јуни 2025, го одржуваме петтото издание на Велосипедска Тура МТБ Маврово – симбол на љубовта кон природата, адреналинот и здравиот живот.

Рутата што ја буди душата започнува од живописното Леуново, покрај Мавровското Езеро, преку висорамнината кон Галичник, па низ шумичките на Националниот парк Маврово. – оваа патека е чиста поезија на тркала.

💚 Возиме за…

… чист воздух и чисти мисли,

… за заедништво, природа и слобода,

… за ритамот на педалите и пулсот на срцето што ни кажува дека сме живи.

Настанот е официјално одобрен од МВР и ќе се реализира согласно нивните безбедносни насоки.

📅 Датум: 08.06.2025

📍 Старт: Леуново – црковен двор

🕘 Време: 09:30 часот

Придружете ни се на најубавата велосипедска тура во срцето на Македонија!

ГВ МТБ Клуб – Возиме за природата, возиме за нас!

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar