Заврши меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2025“

Гостивар, 23 јуни 2025  – Со заедничката изложба на учесниците, вечерва беше означен крајот на дваесетто издание на меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2025“. Во фоајето на центарот за култура „АСНОМ“ покрај триесетината уметници имаше и публика имаше и неколку истакнати уметници на кои им беа доделени благодарници.

    

Организаторите, Здружението на ликовни уметници на Северна Македонија „Драудакум“ годинешната јубилејна колонија ја збогатија со повеќе активности во кои беа вклучени и млади уметници и децата од Центарот за деца со посебни потреби „Заедно можеме“. Годинава, освен членови на ЗЛУСМ „Драудакум“ и уметници од Македонија имаше и 12 уметници од Косово, Грузија, Хрватска, Австрија, САД, Србија, Албанија и Турција.

– Две децении, оваа колонија не е само важно место за средби на уметници од многу земји, туку и слободен простор за творештво, соработка и интеркултурна инспирација. Денес, таа стана симбол на континуитет, страст кон уметноста и културниот идентитет на нашиот град. Овој јубилеј не е само момент на размислување, туку и ветување за иднината – да го зачуваме и дополнително да го зајакнеме овој скапоцен простор на уметност и култура, рече во обраќањето претседателот на ЗЛУСМ Драудакум, Арјан Руфати.

   

Годинава, уметниците шест дена (од 19 јуни) твореа во центарот за култура според своите амбиции и сликарски техники на слободна тема. Насликаните дела традиционално остануваат во фондот на организаторите. Колонијата „Гостивар 2025“ е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Гостивар, Центарот за култура „АСНОМ“ и неколку компании од гостиварско.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar