Дорис Ди отпеа впечатлива песна на Макфест: „Кога не ме сакаш“ е хит на Radio G
Гостивар, 3 ноември 2025 – Дорис Ди, младата гостиварка со 16 години имаше деби на последното издание на Макфест и ја освои публиката со нејзиниот талент, интерпретација и убава песна. Нејзината последна студиска песна веќе е хит на Radio G 106,4 и наскоро ќе се најде во музичкиот сегмент „Ја Ја“ кој поддржува гостиварски автори/ки, пеач/ки.

Песната насловена „Кога не ме сакаш“ е дело на Весна Малинова која е автор на текстот и композицијата, додека аранжманот го направи Давор Јордановски.
Музичката критика го оцени нејзиниот настап на првата фестивалска вечер како зрел и сигурна интерпретација што ѝ ја отвори вратата за влез во финалната вечер.
– Таа го потврди квалитетот што го поседува и обели образот за изборот, токму таа да биде дел од шесте дебитанти кои добија можност за влез во финалето. Од тимот на Дорис Ди изразуваат надеж дека оваа песна ќе допре до многу срца од слушателите.
Имено, песната „Кога не ме сакаш“ Весна Малинова ја компонирала и напишала за приближно 30 минути, па како што ќе каже Дорис, тоа е песна за нејзина душа.
Нејзината менторка Ана Дурловска несебично и ги покажа нејзините квалитети кои и помогнаа да се покаже во најдобро светло.

Со оглед дека Дорис до сега има учествувано на два фестивали на Охрид фест, во 2024 и 2025 година, заедно со овој нејзин прв настап на Макфест го најави нејзиниот сериозен влез во македонската музичка сцена.
тука може да се погледне и видеото од песната
Коментарите се затворени.