ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со прв самостоен концерт по повод 18ти Ноември

Гостивар 11 ноември 2025 – Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Гостивар – 18 Ноември, Градското аматерски културно-уметнички друштво „Браќа Ѓиноски“ ќе одржи целовечерен концерт во НУ Центар за култура „АСНОМ“ со почеток во 19:00 часот.

– Овој концерт има особено значење, бидејќи за првпат во својата историја, ГАКУД го организира целосно во сопствена режија, без никаква институционална или финансиска поддршка. Традиционално, друштвото низ годините било дел од официјалната програма и реализација на манифестациите по повод овој значаен празник, но годинава реши самостојно да ја преземе организацијата како симбол зрелост и посветеност кон фолклорот и градот Гостивар, вели претседателот на друштвото, Предраг Ристески.

Со овој настан, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ ја заокружува својата јубилејна сезона, во која го одбележа 75-годишното постоење на друштвото. Воедно ова е 783-ти настап пред домашната публика. Годинава е значајна и заради одржување на концерти надвор од Македонија, учество на фестивали и семинари и зачленување во националната федерација на фолклорни друштва СОФАМ.

Настанот ќе биде свечено одбележување на слободата и традицијата, преку богат фолклорен мозаик со изведби на ансамблот, младинските и детските групи.

Од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ упатуваат покана до сите гостиварци и љубители на фолклорната традиција да ја проследат програмата подготвена за вечерта исполнета со музика, танц и гордост.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar