Локалната самоуправа во Врапчиште не работи втор ден, до кога ќе биде затворена не се знае

Гостивар, 11 ноември 2025 – Втор ден вратите на објектите на локалната самоуправа во Врапчиште и Неготино полошко се затворени. Според јавувањата на граѓани кои и денес дошле по потреба за документи, потврдија дека влезните врати се заклучени и нема вработени во објектите во кои се сместени скторите и одделенијата.

Објектот на општина Врапчиште во Неготино-полошко

 

Доскорешниот градоначалник Хисен Шабани, не беше прецизен зошто администрацијата не ја исполнува обврската и не испорачува услуги кон граѓаните и дека не знае дали вработените денес се на работа. Шабани во вчерашната изјава појасни дека вчера на 9 ноември му завршил мандатот. Според неговите информации, раководењето со локалната самоуправа требало да го преземе „владин повереник“ и новинарите ги упати за одговори во Владата на РСМ. Околу можноста за примопредавањето на должноста и клучевите тој беше дециден.

– Остануваат кај нас, бидејќи јас не предавам мандат. Ако ги имав изгубено изборите и ако ќе победеше некој друг, јас сум тој кој ќе го пречекам во канцеларија и според демократската норма и законот јас ќе го предадев мандатот. Мене мандатот ми заврши вчера, веќе не раководам со општина Врапчиште, што се ќе случуа и како ќе биде понатаму,  одговори побарајте од Владата рече Шабани.

Хисен Шабани

Засега неофицијално, неработењето на локалната самоуправа се поврзува со најавите дека ќе биде назначен владин повереник за прв човек на општината. Претходно, Шабани изјавуваше дека не се согласува со намерата на Владата да биде сменето раководството на Општина Врапчиште по првиот круг на избори кои ќе се повторат заради слабата излезност.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar