Волшепството успеа: Стотици деца во Гостивар радосно го пречекаа Дедо Мраз на мотор
Гостивар, 28 декември 2025 – Членовите на мотоклубот Go Bikers денес организираа предновогодишна забава и поделија слатки пакетчиња. Настанот беше дел од најавената забава „Дедо Мраз на мотор“ за која организаторите рекоа дека е насочена кон создавање на празнична атмосфера.

„Дедо Мраз на мотор“ како што велат од мотоклубот GO BIKERS Гостивар успеа затоа што го поддржаа граѓани и компании и на тој начин на децата им го направија овој ден незаборавен.
– Денешниот настан, кој го наполни градскиот плоштад со новогодишна магија, беше вистински успех. Погледот на илјадници насмевнати деца како мавтаат и радосно го пречекуваат Дедо Мраз, заедно со дружината на мотори, потврди дека заедничките напори може да создадат вистинско волшепство.

Кога ги гледавме среќните лица на децата, сите наши напори добија вистинска смисла. Ова не е само наш настан, туку настан на целата заедница. Благодарение на сите вас, успеавме да донесеме малку божиќно волшепство за секое дете. Ви благодариме, Гостивар!

Од мотоклубот велат дека веќе од утре започнуваат со планирањето на уште поголем и позабавен настан за следната година. Дружината на Дедо Мраз годинава подели околу 800 слатки пакетчиња на децата кои дојдоа на градскиот плоштад.

Коментарите се затворени.