Денеска е Водокрст (Водопост), утре Водици (Богојавление)
Гостивар, 18 јануари 2026 – По повод Водици, годинава, иницијативниот одбор повторно по 12ти пат ја организира прославата на престојниот празник. Во таа чест го пренесеуваме и известувањето до сите православни христијани за поголема масовност пред храмот „Пресвета Богородица“ и на кејот.

Со благослов на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско_Гостиварски г.Јосиф.
Известување до сите Православни верници при Македонската Православна Црква ,Охридска Архиепископија, Тетовско Гостиварска Епархија, Гостиварско Архиерејско Намесништво.
Се известуваат и се покануваат сите православни Христијани, на ден 19.01.2026 год ( Понеделник ) по повод големиот Христијански празник “БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ-2026,, сите заедно да ја продолжиме оваа света и вековита традиција, од голема исклучителна важност е во што поголем број да се собереме пред Соборниот Храм на Пресвета Богородица од каде ќе тргне литијата кон кејот на рекара Вардар.
Церемонијата започнува во 11:30 часот од пред храмот на Пресвета Богородица и сите заедно се упатуваме кон кејот на реката Вардар, каде што ке се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот Крст во водите на Вардар.
Со Почит: Иницијативен одбор „ВОДИЦИ -2026“ -Храм на Пресвета Богородица -Гостивар

Коментарите се затворени.