Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крајот на 2029 година

Гостивар, 21 февруари 2025 (МИА) – Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мцковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по денешниот увид на работите на делница „два“ којашто се простира од Гостивар до кичевското село Букојчани.

Претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски искажа благодарност до соработниците и институциите кои, како што рече, имаат разбирање за приоритетот за изградбата на овој проект и неговото значење.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер посочи дека експропријацијата на имотите кои се на трасата е завршена речиси 90% и тоа го оцени како успех, а финансирањето е навремено што директно влијае врз навремена реализација на овој проект.

– Пред нас има уште реализација и некаде на крајот на 2029-та година ќе можеме да го возиме овој автопат. Да кажам дека прогресот е добар и на автопатот којшто оди од Тетово до Гостивар, истакна Николоски.

  

Никол Варнс, вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје за заблагодари на посветеноста да се заврши овој крупен инфраструктурен зафат.

– Коридорот 8 ќе ја трансформира економската иднина на Северна Македонија со поврзување на истокот и западот, олеснување на трговијата и создавање можности за вашите граѓани. Четириесетте километри пат кои се во изградба денес го градат тој мост. САД го ценат ова партнерство и очекуваат дека двете наши влади ќе го задржат моментумот неопходен за реализација на оваа заедничка инвестиција, рече Варнс.

Првиот човек на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски напомна дека работите на оваа делница од автопатот се одвиваат според планираното. Следен предизвик како што рече, ќе биде експропријацијата на имоти низ селата на јужниот дел од општина Гостивар (Здуње, Дебреше, значи Бањица и Митрови Крсти), но подвлече дека роковите ќе бидат запазени.

– Во должина е околу 31 километар, даден е пристап и веќе се работи на 11-и-нешто километри. Гледате кои се активности тука коишто се работат. Присутни се некаде околу 600 вработени на оваа делница и повеќе од 500 градежни машини работат во моментов на оваа делница. Би сакал да истакнам дека една од најсложените и најтешките, воедно е и најтешка и најскапа делница којашто ја правиме ние во Република Македонија досега, со оглед на конфигурацијата на теренот, со оглед на тоа што гледате дека е во ридско-планински дел каде што треба да се заобиколи Стража и да се стигне до Букојчани.

Трајновски посочи дека работите на делницата од Букојчани до Кичево се работи на 11 километри, а од Кичево до Охрид работите се во завршна фаза. Според него, со изградбата на оваа делница, наместо досегашните 3 до 3 и пол часа, времето патувањето од Скопје до Охрид ќе с намали речиси за двојно. Трајновски оцени дека на оваа делница ќе се патува безбедно и поудобно до Кичево

     

Владината делегација имаше можност да го види еден од поголемите мостови (вијадукти) во завршна фаза. Долг е 386 метри, висината на столбовите максималната е околу 41 метар, има околу 20 столбови.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar