ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“ и оваа година ќе финанисира личен образовен асистент

Гостивар 26 февруари 2026 – Хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ и општина Гостивар ја продолжуваат соработката за унапредување на интеграцијата на децата со попреченост во образовниот процес, социјалниот живот и поширокото општество. На инцијатива на здружението, денес беше потпишан меморандумот кој како документ опфаќа повеќе активности како што е поддршка на учениците и нивните семејства, како и подигнување на јавната свест за важноста од навремена инклузија

Од ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“ посочија дека соработката со Општина Гостивар продолжува со проектот за обезбедување лични образовни асистенти за учениците со попреченост запишани во средните општински училишта. На потпишувањето се чекаше поради повторените изборни процеси, а децата добивале континуирана поддршка и асистенти во текот на целата учебна година Дополнително, за учебната 2025/2026 година е предвидено ангажирање личен образовен асистент за секое дете со попреченост запишано во средно општинско училиште во Општина Гостивар, а ќе учествуваат и во финансирањето на асистентите. Хуманитарното здружение се обврза да учествува во финансирањето на личните образовни асистенти и како и во изминатиот период, посветено ќе продолжи да се грижи за ранливите категории и да придонесува кон градење инклузивно и солидарно општество.

Меморандумот за соработка, опфаќа:

  • Организирање панел-дискусија со стручни лица и експерти, за подигање на свеста кај родителите/старателите за важноста навремено да ја пријават потребата од образовен и личен асистент;
  • Континуирана поддршка на родителите, старателите и децата во процесот на нивна инклузија;
  • Ангажирање личен образовен асистент за секое дете со попреченост запишано во средно општинско училиште во учебната 2025/2026 година.

Ова е трета учебна година по ред во која, преку заедничка соработка, се обезбедуваат образовни асистенти во средното образование во Општина Гостивар.

 

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar