In Memoriam: Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке

Гостивар, 14 март 2026 – По долго тешко боледување на 61 годишна возраст почина Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке. Трагичната вест ја објавија од КК Гостивар 1954.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски-Ѓоке – спортски директор, еден од основачите на нашиот клуб. Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот, стои во официјалната објавата на клубот.

Популарниот Џоке (прекар по кој го препознаваа гостиварци) покрај спортот имаше работна кариера во (хидроцентралите Маврово) каде во еден период беше на раководната позиција. Во жалната вест од клубот на кој му посвети значаен дел од животот наведуваат:

„Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.

Нека почива во мир.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar