Спасувачка мисија на Кораб, повреден планинар пренесен во гостиварската болница

Гостивар, 24 мај 2026  – Ренџерската служба во националниот парк „Маврово“ вчера во координирана акција успеале да извлече едно лице кое претходно се повредило додека било на планинарска тура на планината Кораб. Лицето, А.С. (33 ) од Скопје доживеал несреќа, при што се здобил со скршеница на колкот и повреди на ногата. Поради непристапниот терен на надморска височина од околу 1.900 метри формирана е спасувачка екипа од НП Маврово.

Од службата за информирање на паркот, наведуваат дека во услови на исклучително тешко пристапен планински терен, шестмина ренџери демонстрирале професионалност, подготвеност и високо ниво на координација при спасувањето на планинарот.

– Со навремена и успешно организирана акција беше извршено безбедно извлекување на повреден планинар од пределот кон Корабскиот водопад, едно од најпредизвикувачките и најнепристапни подрачја во рамки на Паркот. Акцијата претставува потврда за посветеноста, одговорноста и пожртвуваноста на службите кои секојдневно се грижат за безбедноста на посетителите и заштитата на просторот на Националниот парк Маврово, рече Харис Ибраими, директор на НП „Маврово“.

Вработените реагирале брзо и до пладне биле на местото каде бил повредениот планинар и бил пренесен до селото Жужње, од каде екипа на брза помош го превзела. Ибраими упати благодарност до сите учесници во акцијата, за нивната, како што рече брза реакција, стручност и хуманост овозможија успешно завршување на интервенцијата.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar