Заедничка изложба на учесниците за крај на ликовната колонија Гостивар 2026
Гостивар, 29 јуни, 2026 (МИА) – Со изложбата на сработените дела на годинешните учесници, синоќа беше означен крајот на ликовната колонија „Гостивар 2026“. Организаторите на 21-вото издание на оваа меѓународна манифестација оценија дека била успешна и дека ликовниот фонд на здружението на ликовни уметници „Драудакум“ ќе биде побогат за триесетина нови дела.
Првиот човек на здружението, Арјан Руфати, на затворањето во центарот за култура „АСНОМ“ дека годинава колонијата донесе спој на генерации и култури, претставувајќи осум различни држави.

– Ова е добра можност за младите уметници да изложуваат и да се запознаат со овие меѓународно познати автори. Ние денес го завршуваме овогодишното патување со 30 уметнички дела, кои ги збогатија не само нашиот град, туку и нашата држава, рече Руфати.

На колонијата која започна на 25 јуни и траеше до синоќа имаше ликовни уметници од Австрија, Албанија, Хрватска, Италија, Грција, Косово, Србија, Турција и Македонија.За време на творењето, уметниците имаа можност да ги посетат и да се инспирираат пејзажите на Охрид и Маврово. Покрај помладите сликари, годинава имаше и поискусни автори кои покрај сликањето имаа можност да ги разменат идеите и искуствата. Ликовната колонија „Гостивар 2026“ се реализира со поддршка на општина Гостивар, Центарот за култура АСНОМ, Министерството за култура и туризам и други компании.
згм
фото МИА.
Коментарите се затворени.