Основци на летен камп учат за традициите и историите на други земји

Гостивар, 1 јули, 2026 (МИА) – Ученици од гостиварски основни училишта кои се учесници на годинешниот камп по англиски јазик се запознаваат со историјата и традициите на неколку земји. Кампот е активност која спроведуваат волонтери на американската организација Мировен корпус (Peace corps) и општина Гостивар.


Градоначалникот, Ваљбон Лимани со соработниците ги посети учениците во кампот, поразговара со менторите и оцени дека тоа претставува одлична соработка.
– Оваа година учениците од нашите училишта ќе научат повеќе и ќе истражуваат за Соединетите Американски Држави, Непал, Гренада и Јужноафриканска Република. Се надевам дека наредните години оваа активност ќе остане традиционална и да ја продолжиме одличната соработка со волонтерите од Peace Corps, рече Лимани.


Волонтери од американската органзиација Мировен корпус (Peace corps) кои се вклучени во активностите и на учениците им пренесуваат дел од низните знаења. Низ популарани форми на учење им се пренсуваат факти за културата, храната, традициите, локалните танци, како и изработка на локални традиционални ракотворби кои се популарни во земјите каде што волонтерите престојувале.
– Децата апсолутно го обожаваат ова, како и нивните родителите. И како што знаете, овие деца продолжуваат да доаѓаат повторно на ваквите овие часови. Ова е едно одлично искуство и со нетрпение очекуваме да продолжиме и понатаму, рече Кајл Карл волонтер во Мировниот корпус.

Четириесетината деца со учество во работилници и низ игра и дружење со наставниците по англсики јазик ги прошируваат видиците и стекнуваат нови знаења. Активностите на годинешниот камп се спроведуваат во Општинското средно техничко училиште (ОСТУ). Градоначалникот на менторите им врачи благодарници и разговараше со учениците.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar