Цистерна со техничка вода за потребите на пациените и персоналот во болницата

Гостивар, 22 јули, 2026 (МИА) – За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период.-Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се обезбедат што подобри услови за непречено функционирање на болницата, наведуваат од болничката управа Вчера, директорот на болницата Емри Бајрами посочи дека за сите болнички одделенија е обезбедена флаширана вода за пиење, наменета за пациентите и на тој начин имаат пристап до безбедна вода за пиење. По проблемите кои настанаа со загадувањето на водата во градскиот водовод, болницата се соочи со енормно зголемен број прегледи и наплив на пациенти. Директорот Бајрами нагласи дека персоналот е целосно посветен на надминување на актуелната состојба и продолжува со постојана комуникација и координација со надлежните институции, со цел обезбедување непречено функционирање на здравствените услуги и навремена грижа за пациентите.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar