ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ настапи на 6-то издание на меѓународниот фестивал „Рудина Фест“

Гостивар, 23 јули, 2026 – ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ синоќа имаше настап и беше дел од програмата на 6-то издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина Фест“ на градскиот плоштад во Гостивар.Членовите на фолклорниот ансамбл, се претставија со сплетот „Водарки“ – кореографија инспирирана од секојдневието на македонската жена. Преку играта и песната беше прикажано како младите моми некогаш оделе на чешма, полнеле вода во стомни и ја носеле до своите домови – обичај кој со векови бил нераскинлив дел од животот во македонските села.

Во денешниот контекст, овој настап доби и дополнителна симболика. Во период кога Гостивар се соочува со предизвици поврзани со водоснабдувањето и квалитетот на водата, приказната за „Водарки“ потсетува на вредноста на чистата питка вода – основно човеково право и богатство што не смее да се зема здраво за готово. Со овој настап, ансамблот уште еднаш покажа дека може да испрати силна порака и да ја поврзе историјата со актуелните случувања.

На фестивалот „Рудина“ кој трае до денес (23 јули) гостуваа фолклористи од Колумбија, Италија, Косово, Албанија, Турција и Македонија.

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar