Пандев: Раководството на ФФМ наместо да прави реизбор да си замине од функциите

Наместо да се подготвуваат за реизбор раководните луѓе на чело со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија,  Муамед Сејдини, веднаш треба да ги напуштат функциите и да си заминат, порача капитенот и еден од најдобрите македонски интернационалци, искусниот Горан Пандев. Репрезентативецот со најмногу настапи во државниот дрес и со најмногу постигнати голови испрати нови критики на адресата од ФФМ на гостувањето во Студио 10 на ТВ24.

Пандев потенцира дека нема амбиции да биде претседател, но додаде дека е подготен да помогне, оти македонската лига е најаматерската во светот. Овие луѓе од раководството на ФФМ, членови на УО  се речиси иститие кои патуваат со играчите како репрезентација, повеќе од 15 години, па Пандев ги прашува што направиле тие за мак фудбалот. Играчот на Џенова тврди дека сегашниот претседател на ФФМ, Сејдини и некои луѓе сакале  да ја нарушат атмосферата во репрезентацијата која преку Лигата на нации избори премиерен настап на ЕП-2021 со голот на Пандев на гостувањето кај Грузија. Пандев открива и тоа дека после натпреварот против Израел од квалификациите за пласман на Европското првенство (каде завршивме трети на табелата), Сејдини сакал да разговара со него за смена на селекторот Игор Ангеловски.

– На крајот, сепак немаше сили да го направи тоа, затоа што цела македонска јавност стои и зад селекторот Ангеловски и зад нас како репрезентација. Некои луѓе работеа против репрезентацијата, ама не успеаја. Глумеа дека се среќни, а во лицето им се гледаше дека не се. Жално е сè што се случува по пласманот на ЕП, некои играчи играат толку време, а тие без срам си поделија премии. Кога видов не верував дека луѓето од ФФМ си поделиле премии –додаде Пандев. преземено од 24 Инфо

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.