Панел на ЦИВИЛ во Гостивар: Пописот е од суштинско значење, процесот е математичка операција, а не политичка
Гостивар, 11 март 2021 (МИА) Невладината организација ЦИВИЛ, попладнево во салата на советот на општина Гостивар ја организраше панел дискусијата на тема „Попис: Статистика, не политика“. На панелот беа најавени осум учесници, а како што напомена модераторот Џабир Дерала на поканата се одѕвале четворица.
Еден од учесниците, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари се осврна неопходноста од попис, бидејќи како што нагласи ни требаат точни бројки.
– Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот бидејќи имаме училишта градинки патишта и други работи кои планира да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно повеќе градинки, училишта, рече Таравари.
Тој ова го образложи со намалување на трошоците за пат на наставници и учениците и дека е неопходно да се планира работењето на општината.
– Како локална самоуправа веќе кажавме дека ќесоработуваме со ДЗС и да бидеме full support до крајот на попишувањето. Ја користам можноста да ги повикам граѓаните кај нас и тие што се надвор да ја искористат можноста да се попишат. порача Таравари и заклучи дека поголемите политички партии нема да го опструираат овој процес
За Марјан Силјаноски, член на општинскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ пописот е од суштинско значење, а како партија не се согласуваат со избраниот термин.
– Во ек на пандемија бројките секојдневно растат и не треба да се одржи попис во овој период. Има доста земји што го одложиле пописот токму поради здравствени причини. Голем број на граѓани се согласуваат со нас гледајќи ја поддршката што ја добиваме секојдневно. Ние не сме за бојкот на пописот, бидејќи ни е потребен попис.. Се согласувам дека пописот е математичка операција – а не политичка. Неколку дена се собираа потписи и во Гостивар, во неколку акции за пописот да се одржи во соодветно време. Пописот е поинаква операција од изборите. Попишувачите одат кај луѓето дома, за разлика од изборите. Сега би имало поголем физички контакт“, истакна Сијлановски.
Македонија мора да спроведе попис, а без попис не можеме да имаме успешни политики во економија енергетика образование, земјоделие напомена во дискусијата Зоран Ангелов, координаторот на советничката група на СДСМ.
– Мора да знаеме колку сме за да можеме да се развиваме. Не смее на ниеден попис да му се даде политичка конотација. Пописот ќе каже колку се дома колку се во странство повеќе од 12 месеци. Отселувањето на младите кадри за жал е многу големо и затоа мора да знаеме колку се отселени, на која возраст се и образованието нивно да го видиме. Се надевам дека нема да се прават опструкции и повикувам на масовно попишување, изјави Ангелов.
За претседавачот општинскиот совет Бесим Мемемди почетокот на пописот започнал многу хаотично и како политчки активист и како функионер помага процесот да заврши успешно.
-Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор. Од политички аспект јас припаѓам во Алијанса на Албанците и ние го поддржуваме овој попис и имам впечаток дека ќе се оддржи овој попис.
Има зголемување на бројките на Корона, но кога се изгласа законот ние бевме во втор бран, а сега тоа што се случува може да влеземе и во трет бран. Ние треба да ги мотивираме граѓаните да се оддржи овој попис. Како лекар повикувам кога ќе се оди во куќи каде што се знае дека има позитивни да се оди добро подготвени да не се зарази уште некој, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Од 1 до 5 пописот би го оценил дека ќе биде безбеден со ценка три, рече Мемеди.
Панел дискусијата се одвиваше во согласност на препораките и со мерките за заштита од Ковид-19, без публика.
з. г. м.
Коментарите се затворени.