Пополнет бројот на инструктори и попишувачи за гостиварскиот регион, започнаа обуките
Гостивар, 24 март 2021 Подгoтoвките за пописот во гостиварскиот регион се одвиваат според предвидената динамика, рече првиот човек на Државниот завод за статистика на онлајн работилница за новинари за Пописот 2021 што ја огранизираше НВО Инфоцентар.
Недостигот од попишувачи за Гостивар по објавувањето на третиот јавен конкурс е надминат.
– Процесот се одвива интензивно. Заклучно вчерашниот ден се обезбедени сите учесници како реонски инструктори. Денес започна нивната обука која ќе трае три дена. Во недела ќе започне и обуката на попишувачите со што ќе се заокружи процесот на подготовки. Имаме доволен број на учесници и работите се одвиваат добро, рече Апостол Симоски директор на Државниот завод за статистика
Државниот завод за статистика претходно објави дополнителen конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во својство на реонски попишувачи.
По првиот конкурс недостигаа 30 реонски попишувачи, од кои 8 на македонски и 22 на албански јазик.
Според првиот човек на државната статистика, самопопишувањето на дијаспората добива на интензитет и изрази задволство од доегашниот одзив
За да се спроведе пописот во општина Гостивар потребни се 187 попишувачи и 19 инструктори. За овие позиции имаше голем интерес, но некои не ги поминаа тестирањата.
Според пропозициите, секој инструктор ќе има по 10 попишувачи, кои исто така ќе поминат обуки и ќе им се определат терените. Сите попишувачи ќе имаат лап-топи во кои ќе ги внесуваат податоците.
з. г. м.
Коментарите се затворени.