Почина Зафир Хаџиманов

Зафир Хаџиманов, познатиот актер, пејач и композитор денеска почина на 77-годишна возраст во Белград, по компликации предизвикани од Ковид-19.

За време на неговата долга кариера како уметник, медиумите секогаш го опишувале како духовит, весел и динамичен соговорник. Како автор е познат по компонирањето на музика за театар, филм и ТВ серии. Како најзначаен сегмент од неговата кариера се смета тоа што има направено над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да се бави со музика и театар. Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапуваше како пејач на поп музиката.

Тој беше оженет со пејачката Сенка Велетанлиќ, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез пијанист.

Коментарите се затворени.