Фрчат казни за пребрзо возење, секојдневно се санкционираат по десет возачи

Гостивар 9 април 2021  Пребрзото возење не се исплатело за над осумстотини возачи. Тие, од почетокот на годината биле “фатени“ на радарот на сообраќајната полиција.

Од СВР Тетово информираат дека во рамките на активностите на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и натаму откриваат и санкционираат возачи кои ја пречекоруваат максимално дозволената брзина на автопатот и „магистралата“ Гостивар-Кичево.

– Во изминатите три месеци од оваа година вкупно биле санкционирани   850 „пребрзи“ возачи, кои значително ја пречекориле брзината. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и други санкции, наведуваат од СВР Тетово.

Коментарите се затворени.