Претседателот Пендаровски во Гостивар: Вакцинацинирање до целосна имунизација на населението
Гостивар, 14 април 2021 Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посетa на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом во Гостивар. Тој се запозна со протоколите според кои се одвива процесот на вакцинација во Гостивар и гостиварскиот регион.
Директорот на здравствениот дом, д-р Јамин Синани, го информираше претседателот Пендаровски за моментално опфатените таргет групи, во коишто се вакцинираат граѓани над 77 години. Со постепено намалување на возрасната граница којашто веќе опфаќа лица над 60 годишна возраст. На пунктот се имунизираат околу 50 граѓани дневно.
Пендаровски разговараше и со медицинските лица задолжени за спроведување на вакцинацијата и оние коишто денеска се вакцинираа. Повеќето од нив изразија задоволство од условите и пружената здравствена нега од персоналот на ЈЗУ Здравствен дом – Гостивар.
Во разговорот со вработените во службата на Итната медицинска помош која е дел од здравствениот дом, претседателот ги слушна капацитетите и предизвиците со коишто се соочуваат, особено за време на пандемијата со Ковид-19.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство од покажаниот професионализам, посветеност и пожртвуваност на целокупниот медицински персонал во изминатиов период, нагласувајќи ја потребата процесот на вакцинација да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението. Во тој контекст порача дека и личната одговорност на секој граѓанин е еден од предусловите за побрзо и побезбедно стекнување колективен имунитет.
Коментарите се затворени.