За брзо возење казнети 144 возачи, мотоциклист возел 201 км на час

Гостивар, 3 мај За еден ден, сообраќајците напишале 144 казни за пребрзо возење. Според СВР Тетово, во текот на денот (03.05.2021) полициски службеници од СВР Тетово спровеле зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Во акцијата, санкционирани се 144 возачи. Од нив, дури 16 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 91 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. На сообраќајниците кои минуваат низ Гостивар, откриени биле 66 возачи кои ја пречекориле брзината

Меѓу казнетите е и случај на мотоциклист кој по автопатот Скопје-Тетово возел со 201км на час, што е за речсиси двојно од дзволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коментарите се затворени.