Хендикеп за КК Гостивар: Бато капитенот ја скрши раката
Гостивар 5 мај 2021 (КОШ) На три дена пред одржувањето на Купот на Македонија, Гостивар остана без капитенот Ренато Димитриевски.
На вчерашниот полесен, релаксирачки тренинг, искусниот крилен играч доживеал скршеница на прстот на раката и за него најверојатно сезоната е завршена. Димитриевски е играч со најдолг стаж во оваа екипа на Гостивар, „дете“ од градот и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за гостиварци кои со големи амбиции ја очекуваат завршницата од сезоната.
Противник на КК Гостивар во четвртфиналето и во Купот и во плеј-офот ќе биде Еуро Никел кого два пати го совладаа во првенството. Место Димитриевски, на денешната прес-конференција на КФСМ, пред Купот на Македонија, како претставник на Гостивар присуствува Александар Костоски.
текстот и фотографијата се преземени од КОШ.мк
Коментарите се затворени.