ЕВН Македонија е предводник на „Целите за одржлив развој“
ЕВН Македонија стана добитник на наградата наградата „Предводник на Целите за одржлив развој“ на здружението „Конект“ во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор во Северна Македонија“. Комисијата за евалуација, ја оцени високо програмата за дуално образование на ЕВН Македонија – „20-20-20“ која се спроведува и средното техничко училиште во Гостивар
Првиот човек на компанијата смета дека дуалното образование е инвестиција во иднината на младите. Тие кои се опфатени со програмата им се нуди вработување веднаш по завршувањето на образованието, што е значајно за намалувањето на младинската невработеност.
„Нашата компанија е пионер во спроведувањето на ваков вид на програма во земјата. Нашиот пример веќе го следат и други бизниси. Компаниите треба да инвестираат во формалното образование со цел подобрување на квалитетот на самото образование, а истовремено и создавање на конкурентна и вредна работна сила на пазарот на труд“, изјави Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Проектот за дуално образование се спроведува од 2017 година. Првата генeрација на ученици веќе го завршија образованието и 15 од нив работат во ЕВН.
Програмата е дел од редовното образование во училиштата СЕТУ „Михајло Пупин“ и ОСТУ „Гостивар“. Наставата се одвива на македонски и албански јазик, учениците учат во целосно опремен кабинет за предметна настава, а практичните вежби ги реализираат под менторство на вработени од ЕВН на специјално опремен полигон во училиштето но и на терен.
Коментарите се затворени.