За непрописно престигнување санкционирани 34 возачи

Гостивар, 28 јули   Собраќајците напишале 34 казни за недозволено “претицање“ по патиштата низ полошко. Контролите продолжуваат, па затоа бидете внимателни и трпеливи во сообраќајот.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (26.06) од 14 до 20 часот, полициски службеници имале засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Тетово. По контролите, санкционирани се 34 возачи. Од нив 16 биле на територија на Тетово, а 18 на територија на Гостивар.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коментарите се затворени.