Најава за топлотен бран, еве како да се постапува и заштити од топлотниот бран
Гостивар, 28 јули Здравствените власти излегоа со препораки за заштита од најавениот топлотен бран кој е најавен за наредниве денови.
Според метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела). Тоа значи дека ќе бидеме во портокалова фаза.
Еве дел од препораки од МЗ, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.
1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации Владата на Република Северна Македонија одлучи
1. Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките.
2. Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
3. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.
4. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.
5. Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.
Коментарите се затворени.