Од денеска нема движење низ шуми
Гостивар, 3 август 2021 Заради неповолната временска сосотојба предизвикна на високите температури и појавата на пожари, од денес 3 август на сила е забрана за движење низ шумите.
Од Владата на РСМ информираа дека на сила е целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.
-Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, наведуваат од владината прес служба.
Според досегашните искуства, воведувањето на ваква забрана подразбира прекин на работите во шума, престој во шума, туристички тури и ограничено движење.
Коментарите се затворени.