Возбудлив викенд на Маврово исполнет со забава сите возрасти

Гостивар, 5 август 2021 На авантуристите и уживачите на природните убавини на Маврово, овој викенд Ресорт Маврово ќе им овозможи многу забава, акција за целосно уживање. Домаќините најавуваат одлична дружба на Старо бачило со супер музика, храна, пијалаци, пријатна ладовина, одмор и забава за сите возрасти.

Програмата е следна:

сабота 07.08

13:30ч – концерт на Ареа

15:30ч – DJ Flooder

недела 08.08

13:30ч – Поп Арт Бенд/Pop Art Band Skopje

15:30ч – DJ Machki

За оние кои се по авантурите во природа, на располагање се велосипеди, а-те-ве четвороцикли /ATV, планинарски тури. За побрз транспорт користете ја и жичарницата која работи цел ден.

Препуштете се на летното сонце, свежиот планински воздух и уникатниот поглед на природните убавини на Маврово.

Коментарите се затворени.