Кризна состојба на цела територија, ќе трае 30 денови
Гостивар 5 август 2021 Поради зголемената појава на пожари и за спречување на ширењето, Владата денеска донесе одлука за постоење кризна состојба во државата во траење од 30 дена.
Одлуката доаѓа по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи
Од службата за информирање наведуваат:
„Владата на Република Северна Македонија на денешната 95-та седница, која се одржа изутринава во 8:30 часот донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, заради зголемена појава на пожари.
Одлуката е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.
– Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба
Доколку има потреба да биде надминат овој период и состојбата трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.
Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.
Коментарите се затворени.