Австријците доаѓааат да гаснат пожари со: 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки

Гостивар, 6 август 2021 (Досие.мк) Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници на противпожарната служба и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.

Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

преземено од: ДОСИЕ.МК

Коментарите се затворени.