Oд утре се менува сообраќајниот режим на патот Маврови Анови – Жировница

Гостивар, 23 август 2021 Движењето по регионалниот пат од Гостивар кон Дебар наредниов период ќе ограничено во период од 10 до 16 часот. На делницата Маврови Анови – Жировница, почнувајќи од утре 24 август ќе биде со изменет поради градежни активности.

Од АМСМ информираа дека измената на режимот на сообраќај на овој патен правец во времетрање од 45-60 дена ќе биде со комплетно затворање на делницата во одредениот временски период, при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202.

Автомото сојузот препорачува да се прилагоди брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Внимателно возете по клисурата на Радика заради појавата на одрони.

Коментарите се затворени.