Најава за врнежи од утре, за викенд топло и суво
Уште денес ќе имаме стабилно и сончево време, иако во попладневните часови во северните предели има можност за изолирана нестабилност. Синоптичарите предвидуваат дека во Гостивар и околината, температурата ќе се искачи до 31 степен по Целзиус.
Во среда, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град, е можна во источната половина од државава.
Услови за локална нестабилност ќе има и во четврток, а од петок, па за време на викендот се очекува претежно стабилно и суво време. Можна е изолирана и ретка појава на нестабилност. Температурите ќе достигнат вредности од 28 до 30 степени. Нешто пониска температура ќе имаме во четврток кога максималната ќе се искачува во интервалот од 26 до 29 степени.
Коментарите се затворени.