Шеесет возачи казнети за пребрзо возење

Гостивар, 30 август 2021 Пребрзото возење не им се исплтаело на шеесет возачи кои ги фатила радарската контрола на полицијата по полошките сообраќајници.

Од СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден (29.08.) во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово.

– По контролите санкционирани се 60 возачи. Од нив, 45 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 со дури над 70 километри на час над дозволеното, нведуваат од СВР Тетово.

Од полицијата предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Коментарите се затворени.