Казни за 15 превозници, осум возила исклучени од сообраќај за неисправни сопирачки

Гостивар, 30 август 2021 (МИА) Во контролите кои сообраќајната полиција ги направи претпладнево низ полошките сообраќајници, откриени и изречени се 15 санкции на компании и поединци кои вршат превоз на патници. Половината од нив имале неисправни уреди за кочење.

Од СВР Тетово информираат дека денес од 8 до 12 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, вкупно биле откриени и законски санкционирани 15 возачи за констатирана технички неисправност на возила (ТЕ-4 и ГВ-11

– Најголемиот број од возилата (8) имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-5), а пет на гостиварското подрачје немале извршен технички преглед. Едно возило било со некомплетна опрема и едно со неисправни други уреди. Осумте возила со неисправни сопирачки веднаш се исклучени од сообраќај. На сите неисправни изготвени им се соодветни поднесоци, наведуваат од СВР Тетово.

Покрај ова, кај 7 возила (ТЕ), автобуси и такси превозници откриени се други недостатоци од техничка природа и карактер, како и 10 други видови прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-2).

згм

Коментарите се затворени.