За влез во Македонија потребен ПЦР тест или потврда за вакцинација
Гостивар, 1 септември 2021 Владата донесе одлука за ограничен влез на граничните премини. Па така од денес 1 септември во земјава, македонските и странските државјани ќе можат да влезат доколку поднесат потврда за вакцинација или потврда за прележан ковид-19. Документите треба да се со важност: 45 дена од денот на заздравувањето или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Граѓаните на Северна Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација. Странските државјани кои транзитираат низ Северна Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа, а претходно потпишаната изјава за влез да се достави до граничната контрола.
Коментарите се затворени.