Бејта во трка за трет мандат како кандидат на ДУИ за градоначалник
Гостивар, 4 септември 2021 Со амин на лидерот и Генералниот совет на партијата Невзат Бејта ќе биде кандидат на ДУИ за градоначалник на општина Гостивар.
Бејта претходно ја доби довербата на локалниот огранок како единствен предлог. По состанокот на партиското раководство во ресторанот „Албис“, партискиот портпарол Бујар Османи ги соопшти и шестнаесет кандидати.
За општина Врапчиште партијата го кандидира Неби Реџепи.
Носителите на листи и кандидатите за советници ќе се утврдуваат деновиве.
Невзат Бејта на позицијата градоначалник досега беше избран два пати во 2005 година. Наредниот мандат го освои откако го победи Руфи Османи во 2013 година.
Коментарите се затворени.