Пописот во регионот Гостивар започна, недостигаат четворица попишувачи

Гостивар, 5 септември 2021 (МИА) Пописот во гостиварско започна со 170 попишувачи, четири помалку од предвиденото. Според информациите од општинската пописна комисија непополнет е бројот на попишувачи за македонската заедница, додека за останатите по третиот конкурс пополнети се планираните места.

            Пописот на населението и домаќинствата во гостиварско ќе се одвива во 317 пописни региони и според ОИП обезбедени се сите услови. Зирап Адеми, инструктор од државниот завод за статистика кој го следи процесот изразува оптимизам дека операцијата ќе се спроведе успешно.

            – Попишувачите ќе бидат на терен од 8 до 20 часот и првично ќе попишуваат од 3 до 4 семејства дневно. Планот предвидува оваа бројка да достигне до десет семејства во еден ден, рече Адеми.

            Од вкупниот број попишувачи над 70 проценти од нив се вакцинирани. Доколку некои семејства одбијат да бидат попишувани од невакцинирани лица, тие ќе бидат заменети со попишувачи кои имаат примено вакцина против ковид 19.

згм

Коментарите се затворени.