ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО!!!

Според официјалните информации од надлежните институции, во пожарот што настана во модуларната болница во Тетово има најмалку десет жртви.

Од Министерството за здравство во соопштение наведуваат:

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочувство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. МЗ апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме.

Увид на местото настанот и утврдување на детали за тоа што се случило и како до дошло до трагичниот настан вршат петмина обвинители од Тетово и Скопје.

„Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на самото место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.“

Радио Г. изразува жалење за трагедијата која погоди многу семејства и упатува длабоко сочувство.

Од тие причини, деновиве ќе го смениме и изборот на музика.

Коментарите се затворени.