Владиката тетовско-гостиварски Јосиф упати сочувство и повика на молитва

Гостивар, 10 септември 2021 Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф упати порака за сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница. Владиката ги повика верниците да се молат за починатите, повредeните и погодените од трагичниот настан.

-По повод трагичниот пожар во модуларниот ковид центар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф изразува големо сочувство заради загубата на човечките животи, кои настрадаа во пожарот, а на нивните семејства, роднини и пријатели им изразува сочувство, ветувајќи им ги своите молитви. На повредените им посакува поскоро закрепнување.  По овој трагичен настан митрополитот г.Јосиф ги повика верниците да се молат за починатите, повредените и сите оние кои се погодени од овој трагичен настан, стои во дописот од тетовското-гостиварската епархија.

Коментарите се затворени.