Општина Гостивар издвои по илјада евра за семејствата на жртвите пожарот во Тетово

Гостивар, 10 септември 2021  Општина Гостивар е прва општина што финансиски ќе помогне на семејствата на жртвите кои ги загубија животите по пожарот во тетовската ковид болница. На вонредна седница, Советот на општина Гостивар, на предлог на градоначалникот Арбен Таравари, изгласа одлука да се издвојат по илјада евра од буџетот на општината се секое семејство.

Градоначалникот Таравари донираше една плата. На тој гест се приклучија и советниците, кои донираа дел од нивниот надомест што го добиваат за работа во советот.

„Во мое и ваше име, изразив искрено сочувство до членовите на семејството кои пред два дена ги загубија своите најблиски во Тетово. Мојот предлог до вас е на семејствата на жртвите да им се помогне со по илјада евра. Исто така, ја донирам мојата месечна плата. Би било добро да им помогнеме на овие семејства бидејќи ние сме соседна општина и како израз на длабока солидарност, напомена градоначалникот Арбен Таравари во обраќањето на вонредната седница.

На предлог на Зоран Ангелов координаторот на советничката група на СДСМ-НСДП беше изгласана и одлука со која членовите на советот ќе донираат еден месечен паушал како помош.

Двете предложени точки поминаа со едногласна поддршка. Седницата започна со оддавање почит на загинатите и едноминутно молчење.

Коментарите се затворени.