Дефинитивно: Од понеделник средношколците седнуваат во клупи
Гостивар, 15 септември 2021 Наставата во четирите средни општински училишта ќе продолжи со физичко присуство. На вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија била донесена ваква одлука. Претходно, заради влошената ситуација со пандемијата во Тетово и Гостивар беше одлучено почетокот на учебната година да започне со настава онлајн и така да биде до 14 септември.
„На оваа седница, Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука“, се наведува во соопштнието од владата.
Поради влошената ситуација со пандемијата во Тетово, Гостивар, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.
Коментарите се затворени.