Нa програмата на Radio G ќе има максиумум девет ипол минути политички реклами

ИНФОРМАЦИЈА И УПАТСТВО ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2021

ТРД Комета 2000 (Радио Г/Radio G) ги известува граѓаните и политичките партии дека обезбеди простор за платено политичко рекламирање преку програмата на фреквенција 106,4 и порталот. Како медиум со сите потребни дозволи и запишани во регистарот на ДИК сите активности ќе ги усогласи со УПАТСТВОТО на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ)

Нашиот медиум за претстојните избори за Изборите за членови на советите на општините и за градоначалници на општините ќе се води според

прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма.

-За време на изборната кампања, во првиот и во вториот круг на гласање, Радио Г/Radio G ќе емитува вкупно девет минути и триесет секунди (00:09:30) дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање (ППР).

-Ова време е во согласност со распределбата на времето за платено политичко рекламирање утврдена во член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, подносителите на листи ќе го користат на следниов начин:

– Во максимум 4-те минути наменети за двете најголеми политички партии, кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови, ќе се емитува платеното политичко рекламирање на подносителите на листи

– КОАЛИЦИЈА „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА” ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ и на ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА -ДУИ.

– Во максимум 4-те минути наменети за двете најголеми политички партии во опозиција, кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови, ќе се емитува платеното политичко рекламирање на подносителите на листи – ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА” и на АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА.

– Во максимум 1-та минута наменета за политичките партии во Собранието кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група ќе се емитува платеното политичко рекламирање на подносителите на листи – ЛЕВИЦА, ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ-ДПА, ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ, ДВИЖЕЊЕ БЕСА, ГРОМ, ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ПАРТИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, и ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА.

– Во преостанатите 30 секунди наменети за политичките партии кои не се застапени во Собранието или кандидати ќе се емитува платеното политичко рекламирање на сите други подносители на листи за Локалните избори 2021.

– Дозволеното време за рекламирање меѓу подносителите на листи ќе се распределува врз основа на претходен писмен договор меѓу нив. Притоа, секој подносител на листа може да го закупи и вкупно дозволеното време за ППР од својата категорија (4 минути/4 минути/1 минута/30 секунди), доколку не постои заинтересираност од другиот/те подносители на листи и доколку тоа е во согласност со постигнатиот договор.

– Подносителите на листи кои јавно декларираа поддршка на кандидати од група избирачи за општините и за Градот Скопје, а во кои немаат свои кандидати, можат дел од своето закупено време за ППР да користат за рекламирање на овие кандидати, притоа јасно означувајќи дека тие се нарачатели на рекламирањето, а не кандидатите што ги подржуваат.

– Во согласност со член 75-ѓ став 2 од Изборниот законик, радиодифузерите може да понудат закуп на време за платено политичко рекламирање и во два последователни реални часа во континуитет (на преод од еден во друг реален час), но притоа се должни да обезбедат дека спојувањето на рекламирањето, два пати по ред, нема да биде за ист подносител на листа, и да обезбедат наизменична застапеност на подносителите на листи од власта и од опозицијата.

– Секој подносител на листа може да го закупи и вкупно дозволеното време за ППР од својата категорија во два последователни реални часа во континуитет (8 минути/8 минути/2 минути/1 минута), на преод од еден во друг реален час, доколку не постои заинтересираност од другиот/те подносители на листи и доколку тоа е во согласност со постигнатиот договор.

– При склучувањето договори за платено политичко рекламирање и неговото емитување, радиодифузерите мора да водат сметка за почитувањето на вкупно дозволените минути на реален час за секоја од категориите подносители на листи и за почитувањето на вкупно дозволеното време за ППР на реален час од девет минути и триесет секунди (00:09:30).

Коментарите се затворени.