Позитивните на КОВИД 19 треба да се пријават за гласање до 11 октомври

Гостивар, 6 октомври 2021   Лицата кои имаат право на глас и ќе бидат во  домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и оние на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат ќе може да го остварат гласачкото право. Доколку овие лица сакаат да гласаат треба за тоа да ја известат општинската изборна комисија најдоцна 5 дена пред денот олределен за гласање(до 11 октомври на полноќ).

Барањата (известувањето) треба да се достави до ОИК преку полномошник или електронски пат, а комисијата по службена должност ги прибира податоците од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лицата кои се пријавени за гласање. Овие лица ќе гласаат во своите домови на ден порано на 16.10.2021 (сабота).

Изнемоштените и болни лица кои не е во можност да гласаат на гласачкото место, а сакаат да го остварат своето право исто така ќе треба да поднесат барање (известување) до ОИК. Тоа треба да го направат најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, односно до 9 октомври.

Покрај известувањето до општинската изборна комисија лицето треба да достави во оригинал или копија и медицински доказ за болеста и друга документација.

Коментарите се затворени.