Забрана за движење на камиони по долината на Радика

Гостивар, 14 октомври 2021   Со првиот снег дојдоа и ограничувањата. Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Поголеми внимение е потребно по патниот правец  Маврово – Дебар – Струга каде има појава на одрони. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Коментарите се затворени.