Промоција на првиот сингл на бендот „Преку ред“
Гостивар, 26 октомври 2021 Скопскиот рок квартет „Преку ред“ реши првата снимка, радијски да ја промовира на „Radio G“. Насловот на темата „Ќе те барам“, е инспириран од реченица која често се изговара во новото време. Во текстот на деби синглот на „Преку ред“ умешно е искористена секојдневната „узречица“ во неколку контексти. Музички е спакувна во рок манир, базиран на модерни гитарски рифови. Топло ви препорачуваме да ја слушнете.
Официјалната промоција на синглот Radio G ќе биде на 27.октомври 2021 година во 12 часот. Слушателите од полошкиот регион (Гостивар-Тетово) теристеријално (на ФМ радио приемник), можат да слушнат на 106,4, а онлајн на вебстраницата https://radiogostivar.com/преку поставениот плеер.
Преку ред е бенд од Скопје, формиран во 2019 година. Членови се Антонио, Антони, Христијан и Калин. По две години поминати заедно по свирки, меѓусебно дружење, собирање во парк, одржување на проби во гаража на почетокот од октомври 2021 го завршуваат снимањето на првата песна “Ќе те барам”.
Коментарите се затворени.